Лукаревска: Се окрупнува владината коалиција и бројот на сили во Собранието кои ја следат европската агенда

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Не се согласувам дека владината коалиција е на стаклени нозе, напротив гледаме окрупнување. Поентата на сето ова значи дека има поголем број на сили во рамки на Собранието кои ја гледаат и следат европската агенда, истакна заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во „10 минути“ на ТВ21.

Таа додаде дека тоа е основата и заложба на Владата предводена од СДСМ и кон тоа треба да се стремат сите.

„Верувам дека има и одредени сили во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе застанат заедно со нас на европскиот пат. Секогаш кога се носат крупни одлуки, наидуваме на пречки на патот, но навикати сме дека крупните, државотворни одлуки, го имаме бенефитот да ги носиме ние“, рече Лукаревска.

Таа додаде дека иако Алтернатива и Демократски сојуз излегуваат од владината коалиција, тие се уште остануваат под тој плашт на европската агенда.

Слични содржини