Лукаревска се заблагодари: Со сегашните и идни генерации, продолжуваме да носиме храбри одлуки и нови политики

од Nikola Popovski

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која вчера беше избрана за новата заменик-претседателка на СДСМ, на 26. Конгрес на партијата, денес по тој повод се огласи на социјалните мрежи.

Таа се заблагодари на сопартијците за довербата таа да ја извршува оваа висока партиска функција и најави дека заедно со останатите партиски функционери ќе продолжат да градат општество според социјалдемократските вредности – праведно, правично и хумано.

„Навистина е чест да се биде Заменик претседателка на СДСМ, партијата во која пораснав, со која се изборивме да ги вратиме слободата во државата и достоинството на граѓаните. На овие темели го трасиравме патот за #напредок и докажавме дека #можеме уште повеќе. Останавме верни на нашите вредности дури и во време на најголемата светска криза во поновата историја. Поддршката за граѓаните секогаш беше и ќе остане наш приоритет“, објави Лукаревска.

Таа исто така упати огромна благодараност и до нејзината матична Општинска Организација СДСМ Центар , како и до Душко Весковски за придонесот кој го оставил зад себе.

„Победи и успеси заедно со новите потпретседатели Оливер, Фатмир, Мила и Венко, новиот ИО, новите секретари Мартин и Бојан . Со сегашните и идни генерации, продолжуваме да носиме храбри одлуки и нови политики“, стои во објавата на Лукаревска.

Сања Лукаревска е роденa е 1982 година во Скопје. Има дипломирано на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а речиси целата професионална кариера и е во Управата за јавни приходи, како помлад инспектор во Регионална дирекција Скопје, извесен период работи во Министерството за финансии, а потоа се враќа во УЈП како асистент за извршување во Одделението за наплата на долгови во Дирекцијата за големи даночни обврзници.

Во 2017 година е именувана од Владата за вршител на должност директор на Управата за јавни приходи, а во 2018 и официјално како директор.

Слични содржини