Лукаревска: Сега нема стиропор и жални врби, туку опремени училишта

од Nikola Popovski

И во пандемија покажавме како се работи, донесовме неколку сетови мерки со кои го заштитивме секое работно место, секој граѓанин, секоја компанија, различни цели групи, вбризгавме 62 милијарди денари во домаќинствата и компаниите, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Таа рече дека изминатите години СДСМ покажа дека знае да владее отчетно, транспарентно, чесно и да ги стави граѓаните на прво место, особено во време на пандемија.

-Интервентниот инвестициски план вреди повеќе од 8 милијарди евра, на тој начин заштитивме над  100. 000 работни места, а ги заштитивме и платите кај 200.000 работници, ова е стратегија која не води напред. Повеќе од 4.500 проекти се завршени, 2.300 во фаза на реализација, а сето тоа е дело од победничките програми на нашите градоначалници. Скопје е бренд , наше детство, наша сегашност, иднина, наша младост, спомени, а СДСМ секогаш го нуди најдоброто за Скопје, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека сега нема стиропор, има опремени училишта, сега нема жални врби.

„Има весели и задоволни велосипедисти, ние не инвестираме во рѓосани споменици, инвестираме во човечкиот капитал, сакаме заедно да го одбреме најдоброто за нашите улици, за нашите, градинки, училишта, маала за нашата иднина, порача Лукаревка.

Слични содржини