Лукаревска: Шекеринска ни беше идол на многу млади жени во СДСМ, но не сакам да се споредувам со неа

од Nikola Popovski

„Новата функција во СДСМ е голем предизвик за мене. Имам растено и покрај развојот на Радмила Шекеринска. На многу млади жени тогаш во политиката, таа им беше идол и веројатно сакале да го стигнат тоа ниво“, вака потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска ја коментира одлуката на Шекеринска да се повлече од потпретседателката функција во владеачката партија.

Според неа, Шекеринска е една политичка фигура која оставила белег во македонската политика.

„Не сакам да се споредувам со неа, бидејќи би било досадно во политиката, ако сите сме исти едни со други. Не сакам да бидам јас нејзин клон“, потенцира Лукаревска за емисијата „24 анализа“ и додава дека дебатата во партијата е нормална работа и дека таа лично ќе се залага за демократија во партијата, како што има и во државата.

Слични содржини