Лукаревска: Уставните измени не се заборавени, тие се предуслов и обврска

од Nikola Popovski

Уставните измени не се заборавени. Сега сме во специфичен предизборен период и сите очи на јавноста се вперени во исходот од датумот и резулатите од изборите. Уставните измени се предуслов и обврска на секоја одговорна влада. Многу време посветивме на тоа прашање. Очекувам дека ќе го видат светлото на денот, рече утрово потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека била подадена рака на опозицијата и се зборувало отворено.

Околу изборите, потпретседателката на СДСМ посочи дека се зборувало за редовни, додека опозицијата зборувала за предвремени.

-За брзо време ќе има лидерска средба и сите засегнати страни ќе дискутираме. ВМРО и ДУИ си имаат свои ставови, исто како и ние од СДСМ што го дискутиравме сите аргументи за и против заеднички и одвоени избори, рече Лукаревска во емисијата на „Слободен печат“.

Вели дека е убедена дека СДСМ ќе го има победничкиот претседателски кандидат на изборите.

Слични содржини