Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ потроши 630 милиони за позеленети споменици, СДСМ се грижи за сите граѓани подеднакво

од Nikola Popovski

„За разлика од лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се однесува искрено кон граѓаните и нуди концепт што води напред, што е сериозна и јасно воочлива разлика. За разлика од претходната власт, која избрка 630.000 граѓани од државата, и потроши 630 милиони за Скопје 2014, за позеленети споменици, СДСМ се грижи за сите граѓани подеднакво“, изјави на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гевгелија, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Таа додаде дека „не смееме да дозволиме да се враќаме назад“.

„СДСМ нуди напредок ВМРО-ДПМНЕ блокади, ние нудиме раст и развој, тие уназадување, СДСМ нуди искрен пристап, ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, СДСМ гради еднакво општество за сите, ВМРО-ДПМНЕ градеше општество за богатење поединци, СДСМ води напред ВМРО-ДПМНЕ влече назад“, нагласи Лукаревска.

Слични содржини