38
Протестите во Словачка и Србија се координирани од странство и предводени од САД, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Сите акции се апсолутно координирани и сè е контролирано од САД. Повеќето од нив се финансирани од американски фондации, а понекогаш и директно преку амбасадите. Имаме милион такви примери во Белорусија. Значи, кој дава пари, нарачува музика“, изјави Лукашенко за новинарите по гласањето на претседателските избори, на кои тој е еден од кандидатите, пренесе белоруската агенција Белта.
Лукашенко рече дека верува оти сите политики во Европа се толку координирани од страна на Соединетите Држави што дури и во фазата на дискусија, Европејците речиси немаат збор.