Лукашенко: Русија инсистира на спојување на две држави

од Nikola Popovski

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека на неодамнешната средба за интеграција на двете економии, Русија инсистирала на спојување на двете земји.

„Тие ја гледаат интеграцијата како „проголтнување“ на Белорусија. Тоа не е интеграција. Тоа е инкорпорација. Никогаш нема да го прифатам тоа“, рече Лукашенко.

Тој рече дека секогаш ќе се бори Белорусија да остане суверена и независна.

„Вашиот прв избран претседател нема да биде и последен“, додаде тој.

Лукашенко и Путин се состанаа минатиот петок на уште една рунда разговори во Сочи, но не успеаја да постигнат договор.

Соединувањето со Белорусија, многумина го гледаат како стратегија да се задржи Путин на власт дури и по неговиот претседателски мандат, кој истекува во 2024 година како шеф на нова држава, наведува американската новинска агенција.

И додека Лукашенко се спротивставува на напорите за интеграција, Кремљ го зголеми притисокот со запирање на снабдувањето со нафта за Белорусија, која се потпира на Русија со повеќе од 80 проценти од своите енергетски потреби.

Лукашенко рече дека разговорите за блиските односи меѓу Русија и Белорусија ќе продолжат, но дека само економската интеграција ќе биде на маса.

Слични содржини