Мадона ја смени фризурата, кралицата на попот е непрепознатлива

од desk2
219 прегледи

Поп пејачката Мадона речиси 20 години помина како русокоса, но сега се одлучи за драстична промена.

На својот Инстаграм профил објави фотографии на кои има куса темна коса и изгледа како дрга личност.

Не е познато дали навистина се потстрижила и офарбала или пак само се работи за перика, но нејзиниот нов изглед покрена лавина реакции од фановите од кои повеќето се комплиметни.

Темната коса дополнително ја нагласи со пробојно сини очи, што на нејзиниоте фанови особено им се допадна, а еднакво добро и стои залижана и обликувана во локни.