Мадона купи куќа во Португалија

од Vladimir Zorba
205 прегледи

  Поп ѕвездата Мадона одлучи да се пресели во околината на португалскиот главен град Лисабон, со цел на својот син да му овозможи се што му е потребно за градење професионална фудбалска кариера.

Куќата која веќе ја купила, наводно чини околу 5,7 милиони евра, пишува „Дејли Меил“.

„Кралицата на попот“, како што ја нарекуваат фановите, сака да се пресели од Њујорк во Португалија со целото свое семејство, со цел нејзиниот син Дејвид Банд да може да тренира во јуниорскиот тим на фудбалскиот клуб Бенфика.

Децата пак, образованието ќе го продолжат во престижната школа „Француски лицеј“, каде школарината за една година изнесува 34.000 евра.

Преселбата ќе се случи во септември, посочува изворот