Мафијаши ги предложија услугите на поранешниот аргентински репрезентативец

од desk3
101 прегледи

Италијанската мафија ги понудила своите услуги на напаѓачот на Торино Макси Лопез. Претставници на организацијата му предложија на поранешниот аргентински репрезентативец да му скрши нозете на Мауро Икарди, кој ја украл жената на Лопез.

1476609568maksi

 

Поранешниот фудбалер на Барселона беше оженет за Ванда Нара во периодот 2008-13 година и двајцата имаат три сина. На крајот на 2013 година Нара се раздели со Макси Лопез и започна врска со Икарди и малку потоа се омажи за него.

Излезе дека Ванда Нара го изневерувала Лопез уште за време на нивниот брак. Целата љубовна приказна се развила во периодот во кој Макси Лопез и Мауро Икарди беа соиграчи во Сампдорија и добри пријатели.

Потоа односите меѓу двајцата аргентински фудбалери преминаа во целосно спротивни димензии. Лопез дури одбива да се поздрави со Икарди пред натпреварите во Серија “А”, во кои двајцата излегуваат еден против друг.

Сепак според информациите на италијанските медиуми Макси Лопез го одбил предлогот на претставниците на мафијата да ги скршат нозете на напаѓачот на Интер. За секој случај мафијаши оставиле визитки на напаќот на Торино, ако Лопез се пишмани во врска со нивниот предлог.