Мафини со јаболка и цимет

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 250 гр брашно

– 2 лажички прашок за пециво

– 1/2 лажичка сода бикарбона

– 1 лажичка цимет

– 120 гр шеќер

– 2 јајца

– 100 мл масло

– 200 гр јогурт

– 3 јаболка

– 1 лажица цимет

– 2 лажици шеќер

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Измешајте ги сите суви состојки, па додајте ги течните состојки и матете со миксер додека се убаво да се соедини.

Тестото поделете го во калап за мафини обложен со хартиени корпи.

Одозгора ставете тенко исечени јаболка, под агол од 45 степени. Над јаболката ставете шеќер и цимет.

Печете ги мафините околу 25 минути. Испечените, изладени мафини посипете ги со шеќер во прав.

Слични содржини