Мафини со лимон и бадеми

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 150 гр путер

– 120 гр шеќер

– 1 ванилин шеќер

– 2 јајца

– 50 мл сок од лимон

– 260 гр брашно

– 2 лажички прашок за пециво

– 2 лажици мелени бадеми

Прелив:

– 150 гр шеќер во прав

– 2 лажици сок по желба

Подготовка:

Подгответе 12 калапи за мафини.

Изматете ги путерот и шеќерот додека не се стопи целиот шеќер.

Потоа додадете едно по едно јајце, сок од лимон и брашно измешано со прашок за пециво, бадеми и ванилин шеќер.

Мешајте додека се добро да се соедини.

Наполнете ги калапите со смесата и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.

Оставете ги да се изладат, а потоа прелијте ги со една лажичка прелив од добро растопен шеќер и сок по желба.

Слични содржини