Маѓар: Претседателот не е достоен за функцијата, со формирање на Владата мора веднаш да ја напушти

Тој не е соодветен да служи како пример и морален авторитет“, изјави Маѓар

од Кристијан Димков
26 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Associated Press

Победникот на парламентарните избори и идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, денес објави дека се сретнал со претседателот на таа земја, Тамаш Шулјок, и оцени дека тој не е достоен да го претставува единството на унгарскиот народ.

„Тој (Шулјок) не е соодветен да служи како чувар на законитоста. Тој не е соодветен да служи како пример и морален авторитет“, напиша Маѓар на социјалната мрежа „X“.

Новоизбраниот премиер додаде дека „со формирањето на новата Влада, Тамаш Шулјок мора веднаш да ја напушти функцијата (претседател)“