470
МВР извести дека ќерка и мајка се приведени, откако претходно физички ги нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка.
Според СВР Тетово, вчера (13 јуни) околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа во куќа во Гостивар, физички го нападнале поранешниот сопруг и неговата невенчана сопруга. Во нападот, според пријавеното, Т.М. користела и остар предмет.
Според соопштението, ќерката користела и остар предмет. Случајот го пријавил таткото, односно поранешниот сопруг.
Од полицијата наведуваат дека случајот се расчистува и документира по што ќе следат и соодветни поднесоци.