Мајка Тереза имала толку пари во Ватиканската банка што без нив не би можела да стопанисува, тврди италијанскиот новинар Џанлуиџи Нуци, пренесе index.hr.

Во совјата нова книга „Источен грев“ Нуци пишува за „најмрачните тајни на Ватикан“ и наведува дека Мајка Тереза имала најмногу готовина во банката во Ватикан кога нејзин претседател бил американскиот надбискуп Пол Марцинкус.
„Да ги затвореше сметките Мајка Тереза или да ги префрлеше парите во друга банка, институцијата би доживеала крах“, напишал Нуци.
Исто така, навел дека откритието на сметката на Мајка тереза е „доказ за долготрајното мешање на Марцинкус во ватиканските работи“.
„Во Ватикан постои моќна група која ги сопира реформите на папата Франциск, како што беше и со Бенедикт XVI. Постоеше во време на Марцинкус, а постои и сега“, пишува Нуци.