Маjкл Џордан донира пет милиони долари на новиот афроамерикански музеј

од Vladimir Zorba
115 прегледи

 

Мајкл Џордан подари пет милиони долари за новоотворениот музеј во комплексот Смитсонијан, посветен на историјата на Афроамериканците, кој ќе биде свечено отворен во паркот „Нејшенл мол” во Вашингтон на 24 септември.м џордан

Од Националниот музеј за афроамериканска историја и култура официјално ја потврдија оваа информација.

Во знак на признание и благодарност за гестот, спортската секција од галеријата Музејот ќе ја именува по името на поранешниот професионален кошаркар.

Џордан на Музејот му го подари и дресот што го носеше на финалето на НБА лигата во 1996 година.