Мајли Сајрус го врати вереничкиот прстен на левата рака.Предметниот скапоцен камен ѝ го даде актерот Лијам Хемсворт во 2012 година. Година подоцна, сепак, двајцата се разделија очајно и поп-ѕвездата престана да го носи прстенот.1dca2afbd1ffb28dee586c8ffefcffff

Веќе пред месец-два двојката обнови односите и дури вчера Сајрус беше забележана како се преселува во домот на новиот стар омилен заедно со четирите кучиња.

Гласините дека пејачката и најмалиот брат од кланот Хемсворт се смириле конечно по 16-месечна разделба, се појавија пред неколку недели, откако таа беше фотографирана да се забавува во друштво на Лиам и неговите браќа во неговата татковина – Австралија.

Во последниот број на магазинот Us Weekly пишува дека двојката категорично одлучила да си даде уште една шанса, иако засега вљубените претпочитаат да не прогласуваат ништо официјално.

Неодамна пријател на пејачката изјави за медиумите дека таа не успеала да ја надмине разделбата со Лиам, а очигледно чувствата им се заеднички. “Тој не успеа да сретне девојка како неа. Лиам сфаќа дека таа е уметник кој расте и експериментира. Мајли отсекогаш имала посебно место во неговото срце. “

Слични содржини