Македонија е најподготвениот кандидат во историјата на ЕУ, која во моментот започнува преговори, дециден е Пендаровски

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Нашиот пат кон Европа е јасен. Станува збор за преговарачката рамка која ја усвоиме минатата година. Во таа смисла, нови барања од Бугарија не се дозволени, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, прашан како ги коментира изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев поврзани со уставните измени.

Пендаровски рече дека за време на неговата посета на Подгорица оствариле куса средба со Радев, на која не разговарале за оваа тема, но во однос на неговата изјава посочи дека станува збор за „рециклажа на старата бугарска приказна“.

– Ние многу добро ги знаеме копенхашките критериуми и тврдам дека Македонија е најподготвениот кандидат во историјата на ЕУ, која во моментот започнува преговори, додаде Пендаровски пред почетокот на конференцијата „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“ во одговор на прашање.

Слични содржини