Македонија ги чека кинеските вакцини и новите количини на „Фајзер“ од Србија

од Берта Китинска

Коронавирусот полека се проширува во Прилеп и Кавадарци. Британската мутација полека го зголемува бројот на новозаболени во овие два града.

Покрај Прилеп и Кавадарци на листата со најактивни случаеви е Скопје и Охирд.

  • Скопје 2 938
  • Прилеп 473
  • Охрид 382
  • Кавадарци 454

До крајот на неделава ги очекуваме и останатите количини на вакцини од Србија, како и 200-те илјади кинески вакцини.

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Бујар Османи доставиле барање до кинеската Амбасада за забрзување на постапката за носење на вакцината „Синофарм“.

-Вчера иако беше недела прво јас пуштив писмо, па потоа министерот Османи испрати писмо до кинеската Амбасада и до нашата амбасадорката Елизабета во Кина , за да го забрзаме самиот процес за час поскоро да биде договорено утоварување. Во текот на оваа недела треба да пристигнат 200.000 нарачаните вакцини од Кина.

Заев  соопшти дека во тек е и потпишувањето на спогодба за вакцините „Спутник В“ од Русија.

Досега 1.155 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата „Vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.

Слични содржини