Македонија и БиХ единствени од „екс-ју“ без медал во Париз

од Nikola Popovski
73 прегледи

Денешното финале на турнирот во ватерполо меѓу Србија и Хрватска го одлучи пласманот по медали на Олимписките игри. Србија го освои третото злато и со тоа стана најуспешната земја од поранешна Југославија во Париз. Македонија и БиХ се единствените земји од овие простори што не освоија ниту еден медал.

Хрватските спортисти освоија седум медали во Париз – две златни, две сребрени и три бронзени. Злато освоија браќата Валент и Мартин Синковиќ во веслање и Барбара Матиќ во џудо, сребро Дона Векиќ во тенис, а бронза Миран Маричиќ во стрелање, Сандра Елкашевиќ во атлетика и Лена Стојковиќ во таеквондо. Со ваков учинок Хрватска заврши на 30. место на конечната табела со медали.

Србија освои вкупно пет медали, но има три злата, едно повеќе од Хрватска. Освен во ватерполо, злато освои и во тенис (Новак Ѓоковиќ) и стрелање (Зорана Аруновиќ и Дамир Микец.). Александра Перишиќ го освои среброто во теквондо, а кошаркарската репрезентација ја освои бронзата.

Словенија е на третото место на „регионалната“ табела со две злата и едно сребро, додека Косово е четврто со едно сребро и една бронза.

За Македонија на Летните Олимписки Игри настапија пливачот Никола Ѓуретановиќ и пливачката Ева Петровска кои добија вајлд-карта од Светската пливачка федерација. Земјава ја претставија уште и Владимир Егоров во борење, потоа Милијана Рељиќ во таеквондо, Еди Шерифовски во џудо, Анастасија Мојсовска во стрелање и атлетичарот Дарио Ивановски кој трча маратони.

Слични содржини