441
Новинарот Александар Чомовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека Македонија има среќа што го најде Зоран Заев.
Тој вели дека без Заев, кој сфатил дека главните стратешки процеси се решаваат во првите две-три години од владеењето, ќе бевме црна дамка, црна оаза, закопана држава.
-Македонија имаше среќа што го најде Зоран Заев тој е политичар кој сфати дека стратешките работи се решаваат во првите години. Решавањето на проблемот со Бугарија и Грција допрва ќе се изучува како модел за решавање на проблем, вели Чомовски.