Се зголемува бројот на специјалците на македонската полиција крај бегалскиот граничен  премин  со Грција во реонот на Гевгелија.

спец мвр

Македонските власти испратија дополнителни воени и полициски единици за обезбедување на јужната граница со Грција со цел да се спречат обидите за нелегално преминување на границата. Портпаролот на македонската армија Тони Јаневски потврди дека на границата со Грција се испратени дополнителни армиски сили . “Како превентивна мерка по вчерашните настани го зголемивме полициското присуство на границата”, рече од своја страна портпаролката на полицијата Наталија Спирова Кордич.

М инистер за надворешни работи Никола Попоски  ја заштити употребата на солзавец од страна на македонските безбедносни сили против стотиците мигранти кои нападнаа со камења и дрвја врз силите на редот, обидувајќи се да упаднат на територијата на земјата. Тој, исто така, предупреди дека тензиите на Балканот може да создадат конфликт. “Она што го видовме, беа околу 400 млади мажи кои се обидуваат со сила да влезат на македонска територија од Грција”, рече вчера Попоски за БиБиСи. “Ако вие сте дел од силите за безбедност и сте соочени со ситуација во која имате насилни обиди од страна на неколку млади мажи да влезат на територијата, без желба да се регистрираат или да одат во прифатни центри, не сметам дека тоа е во согласност со она што се договоривме на европско ниво “, рече тој.

Во друго интервју за германското издание “Ханделсблат” Попоски предупреди дека ние треба да бидеме внимателни, за да не се стигне до конфликт меѓу соседите. “Словенија враќа илегални мигранти кон Хрватска, од Хрватска во Србија и од Србија во Македонија и натаму”, рече министерот. “Се плашам дека такво сценарио може да стане реалност со голем број бегалци. Ако во прилог притисокот се зголеми и од југ на балканскиот правец, тогаш може да има сериозна конфликтна ситуација на Балканот. Ние треба да се обидеме да ги избегнеме сличните  ситуации “, додаде тој.

Во понеделникот, македонската полиција, која го чува границата со Грција, беше нападната од стотици млади мажи. Тие фрлаа со камења и дрвја полицајците, кои беа принудени да преземат мерки за да се заштити границата и да не дозволат нелегалното влегување на македонска територија. Толпите млади мажи  ја кинеа  дел од оградата . Тие беа пречекани од добро вооружени полицајци со штитови и шлемови. Тоа не  ги уплаши  во пробивот и освојувањето и почнаа да ги каменуваат силите на редот. Полицијата се заштити и употреби солзавец  и ги растера мигрантите.ограда

Според добро известени извори мигрантите биле опремени со специјални ножици за сечење на жица од грчките власти.

Грција продолжува да го извезува проблемот со мигрантите во Европа, како дестабилизирачки фактор на  соседните земји, на прво место Македонија. Во последните денови грчките власти организирано  ги превезуваат мигрантите кои  пристигнуваат по острови, на север кон Македонија. Нивниот број крај Идомени достигна 10 000 луѓе. Во изминатата 2015 година од Грција во Македонија пристигнаа над 700 000 мигранти. Во обид да се справи со миграцискиот прилив Австрија воведе дневен лимит на мигрантите кои можат да минуваат низ нејзина територија. Овој  нејзина чекор беше проследено со останатите земји во т.н.. балкански пат – Словенија, Хрватска, Србија и Македонија, кои го ограничија внесувањето на мигранти.
CBBFB593-6F5F-4900-B2E4-CAFA4880212D_w640_r1_s_cx0_cy4_cw0

Речиси 132.000 лица, половината од нив жени и деца, успејаа да го минат Медитеранот годинава, што ја надмина бројката за првите шест месеца во 2015-та година. Речиси сите се во Грција.

Портпаролот на УНХЦР, Адриан Едвардс вели дека Европската унија мора да го спроведе во целост планот кој беше изгласан минатата година, за подеднакво релоцирање на бегалците помеѓу 28-те членки на унијата.

УНХЦР вели дека Грција мора под итно да ја зголеми својата способност за прифаќање и поддршка на големиот број луѓе коишто пристигнуваат и дека подобрите услови и  координација помеќу земјите на ЕУ е од огромно значење.

 

Слични содржини