Најдобрите македонски фудбалери израмнија против Бугарија во второто полувреме од натпреварот од Лигата на нации. Добрата игра со повеќе посед на топката, беше крунисана на почетокот на вториот дел, кога беше замолкнат и шокиран стадионот во Разград.
По едно двојно проигрување помеѓу Алиоски и Елмас, топката дојде кај Милан Ристовски, кој одлично се снајде и ја затресе мрежата на противникот за 1-1.
За 24-годишниот Милан Ристовски ова беше трет гол во дресот на Македонија, по оние против Казахстан и Ерменија.