Македонија ќе се снабдува со природен гас од САД

Божиновска потпиша Меморандум со САД – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство и ја позиционира Македонија на ново ниво

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Министерство за енергетика

о рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас.

Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД, клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Дијалогот ги опфаќа најважните области за развој – енергетика, економија, безбедност и технологија.

Божиновска меморандумот го потпиша со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Заеднички став е дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за: диверзификација на изворите и рутите за снабдување со природен гас, зголемување на отпорноста на енергетскиот систем, обезбедување стабилен, сигурен и достапен гас за државата, јакнење на регионалната поврзаност и интеграција на пазарите.

Документот предвидува и конкретни чекори за развој на инфраструктурата, подобрување на транспарентноста на пазарите на гас, со што се отвора можност за користење на јавни и приватни финансиски инструменти, вклучително и поддршка од меѓународни финансиски институции и извозни кредитни агенции. Фокусот на разговорите е јасен – енергетска безбедност, економска соработка и конкретни проекти што носат стабилност, инвестиции и развој.

Со овој договор, Македонија ја зацврстува својата позиција во регионалните енергетски текови, со јасна ориентација кон поврзување со европските пазари, што директно придонесува за економска стабилност и долгорочен развој.

Во рамки на Стратешкиот дијалог, министерката Божиновска учествуваше на повеќе тематски сесии и реализираше билатерални средби со високи претставници на американската администрација.