Македонија на петто место во светот по бројот на смртни случаи од корона на милион жители

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Со 4.469 смртни случаи од коронавирус на милион жители, Македонија е на петтото место во светот, објавено е на веб-страницата Worldometer.

Пред Македонија се наоѓаат: Перу, Бугарија, БиХ и Унгарија.

Што се однесува до другите земји во првите десет по мртви на милион жители, само Перу не е европска земја. Во БиХ починале 4.871 лице на милион жители, 4.330 во Црна Гора и 3.945 во Хрватска.

Соединетите Американски Држави се на врвот на листата со најмногу смртни случаи од коронавирус, со повеќе од еден милион мртви (1.033.645). На второ и трето место се Бразил (667.056) и Индија (524.701), а првите пет ги затвораат Русија (379.584) и Мексико (325.017).

Слични содржини