Македонија НЕ Е ЗАГРОЗЕНА ! Се промовираат методите на Ќосето, се вршат поделби на наши и ваши во службите за безбедност и АРМ и слични будалштини

од Vladimir Zorba
91 прегледи
Повеќе медиуми побараа став од Павле Трајнов за актуелните политички состојби.
Таков став е доставен до сите медиуми, но некои не го објавија. Од тие причини пивторно Ви го доставуваме
нашиот став како ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, со актуелната сотсотојба
Се повеќе се шират дезинформации преку социјалните мрежи, порталите и некои провладини медиуми, дека Македонија е загрозена, дека ќе се федерализира, кантонизира, дека постои странски заговор за разнебитување на државата, како и повици да се застане на браникот на одбраната на државата, дека треба пресметка со предавниците, се промовираат методите на Ќосето, се вршат поделби на наши и ваши во службите за безбедност и АРМ и слични будалштини, се со цел да се создаде атмосфера на страв и безизлезност, со нудење на единствена опција- воведување воена состојба односно да се изврши воено- полициски удар.
Демократскиот сојуз смета дека:
1.Република Македонија е стабилна и нема основи за дестабилизација преку меѓуетнички или интеретнички судири.
2.Унитарниот карактер не е загрозен или доведен во прашање, а за тоа се гаранти сите граѓани на Македонија, но посебно мнозинскиот- Македонски народ, како и другите народи со кои со векови живееме заедно.
3.Не постои странски заговор за уништување на Македонија. Внатрешната стабилност и кохезија се клучни за иднината и  перспективите на Македонија.
4.На Македонија и е потребна нова реформска Влада која согласно Уставот треба да ја формираат партиите кои ќе обезбедат мнозинство во Парламентот.
Затоа Демократскиот сојуз повикува на разумно и одговорно однесување од сите лидери на партиите, при што мора националните и државните интереси да бидат пред личните и партиските.
Обидите преку дестабилизација на државата да се заштитат партиските водства, ќе бидат препознаени, осуетени и казнети, токму од народот на кој популистите се повикуваат секогаш кога ги губат позициите и власта, се вели во повтореното соопштение на ДС.