140
Mинистерството за правда на Република Македонија ќе бара други правни механизми за испорачување на екс-премиерот Груевски бидејќи земјава нема договор за екстрадиција со Унгарија.
На располагање се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.