Македонија останува делумно слободна земја, покажа последниот извештај на „Фридом Хаус“

од Nikola Popovski
48 прегледи

Македонија е парламентарна република. Земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување, објави невладината организација „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, во својот годишен извештај објавен денеска.

Според извештајот, Македонија исто како и минатата година, има 67 од 100 поени и е рангирана како делумно слободна.

Во категоријата политички права, земјава има 28 од 40 поени, а околу граѓанските слободи има 39 од 60.

Лани беше објавено дека Македонија покажува назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Тоа беа клучните забелешки во најновиот извештај „Државите во транзиција“ (Nations in Transit) на „Фридом хаус“. Извештајот предупредуваше на долготрајната корупција на високо ниво во Македонија, а го забележуваше и судирот на партиите околу уставните амандмани потребни поради бугарското вето за пристапување на земјата во Европската Унија.

-Вооружените конфликти и заканите за авторитарна агресија, пак, посочуваат дека го направиле светот помалку безбеден и помалку демократски. Негирањето на политичките права и граѓанските слободи на спорните територии ја повлече слободата во придружните земји, вклучително и некои демократии, покажува извештајот на „Фридом Хаус“.

Слични содржини