Македонија освои МЕДАЛ, Георгиевски се пласираше во финале!

од Nikola Popovski

Таеквондистот Дејан Георгиевски е новиот македонски спортски херој, откако во полуфиналето ја забележа својата најубедлива победа во досегашниот дел од турнирот, совладувајќи го Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6. Со тоа тој обезбеди најмалку сребрен медал.

Откако го елиминираше светскиот шампион, во четвртфиналето за противник го имаше Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, кој исто така лесно го победи.

Негов ривал во битката за златото ќе биде Русинот Владислав Ларин, кој допатува во Токио како главен фаворит за златото. Финалето е закажано за 14:45 часот.

По две децении македонскиот спорт доаѓа до медал на Олимписките игри, откако борачот на ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, Могамед Ибрагимов во борење освои бронза.

 

Слични содржини