Домаќинствата во Европската Унија платиле највисока цена на гас во втората половина од 2024 година откако Европскиот завод за статистика ги објави податоците. Просечната цена на гасот за домаќинствата во ЕУ била за речиси 11,7 проценти повисока во втората половина од 2024 година отколку во претходните шест месеци, достигнувајќи го највисокото ниво од 2008 година, од 12,33 евра за 100 киловат часови.
Во табелите на Евростат е вклучена и Македонија, но и останати земји-кандидати за членство во ЕУ. Според податоците, цената на гасот во нашата земја е една од повисоките во споредба со другите земји во Европа. Пред нас се земји како Шведска, Холандија, Лихтенштајн, Ирска…
Најниска цена плаќаат Турција и Грузија – земји кои не се дел од европското семејство.
Во еврозоната, гасот за домаќинствата во периодот од јули до декември бил во просек за 12,7 проценти поскап отколку во претходните шест месеци и чинел 13,18 евра за 100 киловат часови.
Најниска цена на гасот, изразена во евра, плаќале домаќинствата во Унгарија – 3,20 евра за 100 киловат часови. Следи Хрватска – 4,56 евра за 100 киловат-часови, па Романија, каде што чинеше околу 5,4 евра за 100 киловат часови.