Македонија со петарда ги задржа надежите за бараж

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Македонија ја совладаа Ерменија на гости со 5:0 и пред крајот на квалификацискиот циклус ја сочуваат шансата за пласман во баражот за СП во Катар.

Пред последната пресметка со Исланд на домашен терен, Македонија е втора во групата Ј со 15 бода. Имаат два бода и меч повеќе од Романија која подоцна вечер го чека Исланд и три во однос на Ерменија. Лидер во групата и сигурен патник во Катар е Германија со 21 бод.

Избраниците на Благоја Милевски одиграа фантастично во важната пресметка во Ереван, предводени од хет-трикот на Енис Барди (два гола од пенал).

Александар Трајковски го даде водечкиот гол во 22. минута, а Барди во 36. зголеми на 2:0. По новиот гол на Барди од пенал половина час подоцна, сите дилеми околу победникот беа разрешени, но нашите уште двапати ја затресоа мрежата. Милан Ристовски погоди во 79. минута, а Барди од уште еден пенал во 90. минута.

 

Слични содржини