Македонија три места подолу на ФИФА-листата

од desk2
87 прегледи

Резултатите што фудбалските репрезентации го постигнаа на Купот на Азија предизвикаа промени на листата на ФИФА која Светската куќа ја објави во четвртокот. Македонската репрезентација остана со 1.343 бода, меѓутоа назадуваше за три позиции.

Македонија до објавувањето на наредната листа ќе се наоѓа на 71. место. Од противниците со кои Македонија ќе игра во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 најдобро котира Полска (20 место), потоа на листата се Австрија (23), Словенија (63), а според рејтингот зад нашата репрезентација се Израел (92) и Латвија (131).

Инаку, на листата најголем прогрес забележа Катар, репрезентацијата што го освои Купот на Азија. Катарците напредуваа за 38 позиции и сега се на 55. место на листата. Јужна Кореа „скокна“ 15 места до 38. место, а Јапонија напредуваше за 23 места, до 27. позиција на ФИФА-листата.

На врвот нема никакви промени најдобрите десет се Белгија, Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.