359
Македонија денеска игра против Лихтенштајн на почетокот од квалификациите за Светското првенство 2026, a веќе водиме рано со голот на Александар Трајковски во шестата минута.
По левата страна потрча напаѓачот Бојан Миовски, го помина противничкиот голман Бухел и испрати убав центаршут. На Трајковски само му остана полесната работа да ја погоди празната мрежа за 1-0. Изостана големата радост на нашите поради тагата по ужасната несреќа во Кочани.
На трибините на стадионот „Рајнпарк“ во Вадуз има неколку илјади македонски навивачи кои пристигнаа од околните земји да ги бодрат нашите.
На почетокот од мечот имаше и една минута молк во чест на сите 59 жртви од ужасната несреќа во кочанската дискотека.