Македонија в среда ќе го потпише Протоколот за НАТО

од desk2

Во седиштето на НАТО во Брисел најверојатно во среда на 6 февруари Македонија ќе го потпише пристапниот Протокол за влез во НАТО. На свеченоста Протоколот ќе го потпише шефот на дипломатијата Никола Димитров во присуство на амбасадорите на земјите членки во НАТО.

Текстот е усвоен во таканаречената тивка процедура во понеделникот. Откако ќе биде потпишан Протоколот треба да го ратификува секоја од 29-те членки, а прва се очекува да биде Грција, која според некои најави, тоа ќе го стори уште на 8 февруари.

Доколку се оди според планираното, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска прв пат ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО на 13 февруари, но без право на глас се додека Македонија не стане полноправна членка.

Слични содржини