Македонија загуби со 19 разлика од домаќинот Египет!

од Vladimir Zorba

Македонските ракометари доживеаја пораз од Египает на Светското првенство со убедливи 38-19 (20-6).

За „црвено-жолтите“ ова беше еден од најлошите натпревари на светските првенства.

Работите тргнаа лошо уште на почетокот, кога Филип Кузмановски во 19. минута доби црвен картон поради удар во главата на противникот.

Одбрана воопшто и не игравме, па египетските ракометари лесно постигнуваа голови.

По двата порази, Македонија во понеделник ја има последната шанса за пласман во следната фаза, откако се соочува против селекцијата на Чиле.

Слични содржини