Македонија започна маратон за влез во ЕУ – започна скринингот

од desk4

Во Европската комисија во Брисел е 40-члена македонска делегација

Во Европската комисија во Брисел се наоѓа 40-члена делегација, составена од експерти од надлежните државни институции во соодветната област, предводени  од главниот политички преговарач вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, а во нејзиниот состав се и министерот за правда Рената Дескоска, основните технички преговарач Бојан Маричиќ и експерти од Канцеларијата за европски прашања.

По јунските заклучоци на Советот на ЕУ е даден историски старт на подготовките за објаснување скрининг, кој официјално беше прогласен со посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.  Скрининг  ќе започне практично   со Глава 23 “Правда и фундаментални права”. “Лансирањето маратон, кој ќе трае подолго време и чија должина ќе зависи првенствено од самите нас и од нашата подготвеност за промена и длабоки реформи

– Оваа година Европската Комисија даде пресек на сѐ што е направено од потпишувањето на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација: Македонија е на прво место со Црна Гора во делот на преточување на европското законодавство. Ние не сме започнале преговори, а веќе сме на прво место, што значи дека кога ќе влеземе со првата меѓувладина конференција (старт на преговори со ЕУ, нз) и се почитува регата принципот (секој по своја заслуга, нз), без дополнителни условувања, што сметам дека ќе ги нема бидејќи ги затворивме политичките прашања, јас сметам дека многу брзо ќе бидеме првенец во процесот, оцени главниот преговарач Османи.

“Аналитички преглед на сите 33 поглавја ќе трае една година, до следниот септември, по што ќе следува период на билатералниот скрининг и подготовката на скрининг-извештаите кои ќе ги  подготви Европската комисија, а ќе го одобрат земјите-членки на ЕУ.

” Во овој период вкупно над илјада експерти ќе учествуваат во 33-те различни равботни  сесии по аналитичкиот преглед на европското законодавство, кое ќе трае околу 70 работни дена. Вицепремиерот Османи рече дека почетокот на т.н. ” објаснувачкиот чек е пресвртница со која Македонија официјално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ.

Вицепремиерот за европски прашања   во своето обраќање побара и дополнителни европски средства за придружување на реформскиот процес на Македонија и бара од Европската Унија да се држи до принципот на „регата“, односно на оценување на секоја земја по сопствените заслуги.

– Регата принципот е најстимулативен, го дава најдобриот поттик за државите да работат напорно доколку гледаат дека од тоа имаат резултати, а не се врзуваат во пакети. Гледам дека и Албанија оди добро во тој процес, не гледам дека ќе се кочиме една со друга, туку напротив соработуваме, разменуваме искуства, рече Османи.

Запрашан за тоа дали доколку Албанија не беше во пакет со Македонија на јунскиот совет кога се доделија условените датуми за преговори за двете земји, Македонија ќе добиеше чист датум, Османи негодува. Тогаш, некои дипломати во Брисел посочуваа дека поради, меѓу другото, високиот број на баратели на азил од Албанија во земјите на ЕУ, Франција имала поголеми резерви кон Тирана отколку кон Скопје.

– Тоа се веќе хипотетички прашања, порача Османи.

Тој смета дека пораките за издвојување на земјите поради некакви причини може да имаат реперкусии ако не се само врз основа на критериуми, тку се политички ставови на одредени држави.

– Можат да дадат лоши пораки во регионот и светот кои земји се фаворизираат, кои не, сметам дека целиот регион треба да има перспектива подеднаква. Единствена оценка треба да биде исполнувањето на критериумите, а не политички ставови, изјави Османи.

Само според принципот на регата, Македонија може да го фати првото место во регионот, смета вицепремиерот.

– Важно е што Европската Комисија има дадено индикативна временска рамка, а тоа е 2025. Тоа е шифт во однесувањето на ЕК. По Романија и Бугарија, ЕК се повлече од давањето рокови. Прв пат по 10 години дава рокови. Ако се почитува регата принципот дека секоја земја ќе стаса до целта во зависност од брзината со која ќе оди, сметам дека имаме предност затоа што имаме долго искуство, има собрано искуство, рече Османи за МИА.

Се очекува процесот да биде завршен до јуни 2019 година, по што ќе почнат преговорите за членство во ЕУ.

Слични содржини