Македонската ракометна репрезентација поразена од квалификациите за ЕП 2017

од Vladimir Zorba
112 прегледи

 

 Македонската ракометна репрезентација со 35:28 го загуби вториот меч во квалификациите за Европското првенство што во 2018 година ќе се игра во Хрватска , јавува дописникот на МИА од Плзен.  rakomet-mkd
Чесите водени од желбата да се одмаздат за последниот пораз со кој ги исфрливме од Светското првенство што се одржува во Франција идната година одиграа одличен меч и бодрени од домашната публика и го нанесоа првиот пораз на Македонија во квалификациите.
Иако на почетокот на второто полувреме Македонија намали на 3 разлика сепак до крајот на мечот Чесите успеаа целосно да го држат резултатот под своја контрола и на крајот да победат со 7 голови разлика.
Кај домаќините најдобар играч беше голманот Мартин Галија најефикасен беше Јакуб Хрстка со 10 гола, а во нашиот тим покрај Кирил Лазаров и Дејан Манасков со 8 односно 6 одлична игра прикажаа младите ракометари Марко Неловски и Филип Талевски, јавува известувачот на МИА од Плзен.
На натпреварот кој се одигра во салата „Местска спортови – Локомотива“ во Плзен македонските ракометни репрезентативци беа бодрени од група од стотина навивачи кои пристигнаа од Македонија, Австрија, од повеќе градови во Чешка, од Германија, Швајцарија и други европски земји. На табелата во групата 4 од квалификациите Македонија, Исланд и Чешка имаат по 2 бода, а денеска се игра и мечот меѓу Украина и Исланд.