Македонски државјанин „мортус пијан“ предизвикал хаос во Србија

од Nikola Popovski

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи во Јагодина привеле дваесет и четиригодишен државјанин на Македонија, кој вчера возејќи возило марка „тојота“ предизвикал две сообраќајни незгоди.

Македонскиот државјанин се сомничи дека прво удрил во паркирана „шкода“, сопственост на седумдесет и тригодишна жена, а потоа пред станицата на тамошната сообраќајна полиција, удрил во полициско возило кое било на пат да изврши увид по пријава од сопственикот на „шкодата“.

Алкотестот открил дека македонскиот државјанин возел со 2,52 промили алкохол во крвта.

Против возачот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава, јавуваат српските медиуми.

Слични содржини