Македонските пинг понгарски репрезентивци се подготвуваат за балканското првенство

од desk4
150 прегледи
Македонските репрезентации во сениорска конкуренција од петокот 26 Јули се на завршни тренинзи пред да отпатуваат во Подгорица, Црна Гора каде што ќе учествуваат на 45-то Балканско првенство.
 Машката репреентација во сотав: Кристијан Станојковски, Кристијан Томоски и Петар Костовски, и женската репрезентација во состав, Ана Стојановска, Бојана Михајловска и Добринка Сотирова под раководство на тренерите Филе Матевски и Владимир Закиќ зваршните подготовки ги одржуваат во салата на Телеком НЕЦ во Маџари, Скопје.2.jpg
 Балканското првенство се одржува во периодот од 31 Јули до 4 Август.Нашите репрезентативци ќе се натпреваруваат во екипна конкуренција, поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки.
 Покрај играчите од двете репрезентации и селекторот Матевски во составот на нашата делегација која ќе не претставува на Балканското првенство се претседателот на ППФМ Горан Тиловски кој ќе учествува на редовното собрание на БТТУ, балканската пинг понгарска федерација, како и потпретседателот Златко Рикалоски кој во Црна Гора ќе не претставува во улога на делегат. Во македонската делегација има и еден пинг понгарски судија, Миле Петрески.

1.jpg