Макрон: Да се истражат сите важни факти за корупцискиот скандал поврзан со Катар

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Европската унија најпрво мора да ги открие сите релевантни факти поврзани со лицата вклучени во истрагата на белгиските власти за корупција поврзана со Катар, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон пред почетокот на самитот на ЕУ.

Четири лица се уапсени и обвинети во Белгија, меѓу кои и потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, поради обвинувањата дека Катар им дал пари и подароци за да влијае врз донесувањето политички одлуки во ЕУ, објави „Ројтерс“.

Агенцијата претходно наведе дека во текот на истрагата, белгиската полиција извршила претрес во домовите и канцелариите на членови на Европскиот парламент, заменици-помошници и невладини организации и пронашла огромни суми пари во готовина.

Слични содржини