Макрон испрати порака на турски јазик

од Vladimir Zorba

Говорејќи за тензиите во Источен Медитеран, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека треба повторно да се отвори одговорен дијалог, пренесува агенцијата Анадолија.

Макрон испрати порака преку својот официјален профил на Твитер на француски, а потоа и на турски јазик, во врска со ситуацијата во источниот Медитеран.

„Во Ајачио испративме јасна порака до Турција. Со добра волја, без наивност, повторно ќе отвориме одговорен дијалог. Овој повик е и повик од Европскиот парламент. Се чини дека е слушнат. Продолжуваме“, рече Макрон.

Изјавата на Макрон доаѓа во време кога тензиите меѓу Турција и Грција се на својот врв во врска со истражувањето на наоѓалиштата на гас во Средоземното Море, на кои имаат право и Турција и Грција, објави Хина

Слични содржини