Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит планираат да презентираат фотографски и научни докази пред американскиот суд за да докажат дека Брижит е жена.
Нивниот адвокат вели дека двојката Макрон ќе презентира документација во тужбата за клевета што ја поднесоа против десничарската инфлуенсерка Кандис Овенс откако таа го промовираше своето верување дека Брижит е родена како маж, објави Би-Би-Си.
Во разговор за поткастот „Glory Under Fire“ на Би-Би-Си, адвокатот на Макрон, Том Клер, вели дека Брижит ги сметала тврдењата за неверојатно вознемирувачки и „дефокусирачки“ за францускиот претседател.
Овенс, поранешна колумнистка за конзервативниот американски весник Daily Wire, која има милиони следбеници на социјалните медиуми, постојано го изјавуваше својот став дека Брижит е маж.
Во март 2024 година, таа тврдеше дека обвинението ќе го загрози нејзиниот „целосен професионален углед“.
Во американските случаи на клевета против јавни личности, тужителите мора да докажат „вистинска злоба“, односно дека обвинетиот свесно ширел лажни информации или дејствувал со неодговорно непочитување на вистината.