Мал процентот на заразени ученици со ковид-19, нема препорака за промена на моделот на настава

од Берта Китинска

Бројките на новозаразени со коронавирус во училиштата се движат од 0,01 до 0,03 дневно, а активни случаи се 0,26 проценти од вкупно 240 илјади ученици во основното и средното образование кои наставата секојдневно ја посетуваат со физичко присуство, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Министертството за здравство излезе со став дека во моментов не препорачуваат промена на моделот на настава, но дека подготвуваат скрининг на ученици, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по првиот академски час на Природно-математичкиот факултет на УКИМ.

Слични содржини