Девојче од Индија на возраст од 7 години го пријави таткото во полиција, со тврдење дека е „измамник“, затоа што и ветил дека ќе и направи тоалет, а не го направил тоа.

Ханифа Зара во полицијата рекла дека татко и ветил дека ќе и направи тоалет уште кога била во градинка,а сега е второ одделение , но тоалет се уште нема.
Вели дека се договориле да биде најдобра во училипте, па да и направи тоалет, а во полиијата ги однела сите дипломи и показатели за училишниот успех. Таа пошла со мајка и во најблиската полициска станица, со официјално писмо.
Тие се јавиле на таткото кој дошол брзо, мислејќи дека тие се во опасност. Но се насмеал кога ја видел причината. Рекол дека веројатно пишувањето официјални писма го научила од него, затоа што тој им помага на сограѓаните да напишат писма до адвокати, суд и други институции. Додал и дека почнал да гради тоалет , но не го завршил затоа што немал пари. Ханифа вели дека тој постојано вели дека нема пари за тоалет.

Индија има проблем со тоалетите, кои граѓаните не сакаат да ги градат затоа што не сакаат да ги чистат. Се уште е општествено прифатено припадниците на најниската ласта да го чистат човечкиот измет.
Ханифа вели дека и е срам кога врши нужда надвор, а желбата за тоалет се зголемила кога во училите учела дека можат да се развијат многу болести поради немање тоалет.
Полицијата и помогна по оваа жалба, па направија општински напор да се изградат 500 тоалети во маалото.