Мала, но гласна заедница спречува изградба на жичарница во Ерусалим

од desk2
110 прегледи
Мала еврејска секта стана најголема пречка за контроверзниот план за изградба на жичарница со која новиот дел на Ерусалим ќе се поврзе со историскиот Стар град.
Против изградбата на жичарницата протестираа и други палестински жители, еколози, урбанисти и археолози.
Но, загриженоста на еврејската заедница на Караитите е дека жичарницата ќе ги осквернави древните гробишта, што може да се покаже како најголем проблем за остварување на планот за изградба.
Израелското Министерство за туризам заедно со градските власти ја предложи жичарницата како решение туристите полесно да се превезат преку прометните улици и стрмните ридови во Стариот град.
Рутата на жичарницата е грижливо одбрана за да се остават недопрени историските богатства, но оние кои планирале не биле свесни за гробиштата на караитите.
Во Ерусалим, градстар повеќе од 3.000 години, спорен е речиси секој развоен проект. Некои гробници на гробиштата на караитите постари се од 2.000 години.
Караитите еврејската Библија ја интерпретираат буквално и го отфрлаатТалмудот, кој пак повеќето еврејски верници го сметаат за главен извор на верското право.
Тие се појавиле на почетокто на 9 век и нивните обичаи се разликуваат од обичаите на главните еврејски струи, јудаизмот кој се пренесува преку таткото, а не преку мајката, меѓу другото. Седиштето име е во градот Рамле крај тел Авив, каде им е главната синагога.
Околу 500 семејства живеат во Ерусалим, каде е синагогата на Караитите од Средниот век. Караитите служат израелска војска и се сметаат за Евреи во секоја смисла на зборот, но доашаат во судир со рабинатот кога се венчаваат или се разведуваат.
Нив, меѓу другото, им е предложено гробиштата да се покријат, а по караитското верско право, тоа не е дозволено. Изградбата на жичарницата чини 55 милиони долари и како што е предвидено, треба да им го олесни патот на турситите кои сакаат до клучните верски и археолошки места.
Рокот за поднесување жалби против изградбата е до 3 април.