Малиот херој: Ја спaсил сестра му од бесно куче, сега ќе носи спомен на тоа за цел живот (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Момчето Бриџер Вокер (6) од американската сојузна држава Вајоминг, го ризикувал животот да ја спаси својата помлада сестра од бесно куче, па сам заработил 90 конци.

Имено, кучето ја нападнало неговата сестра на 9 јули, но момчето храбро скокнало пред него и кучето го гризнало по лицето и главата.

И покрај тоа што бил каснат, тој успеал да ја зграби својата сестра за рака и да избега од подивеното животно.

Неговата тетка Ники Вокер опиша на социјалните мрежи што се случило.
– Тој подоцна рече „ако некој би умрел, тоа требаше да бидам јас“. Тој синоќа се врати дома од болницата – напиша Ники на Инстаграм каде објави фотографија од момчето.

Семејството на момчето подоцна изјавило дека тие не го мразат кучето што го нападнало и дека сега биле уште поблиски со неговиот сопственик.

Слични содржини