Една од најпопуларните играчки оваа година дефинитивно беше fidget spinner, а сега на пазарот се појави и мобилниот телефон Chilli со таков облик.

Малиот мобилен телефон го произведе компанијата Chilli International од Хонг Конг и во продажба е веќе извесно време. Поседува 1,4-инчен екран, а достапен е во шест бои. Интерната меморија изнесува само 32 MB, но, може да се прошири на 8 GB со помош на SD картичка.
Јасно е дека се работи за екстремно едноставен мобилен телефон без апликации, меѓутоа поседува web browser и Bluetooth.
Цената на мобилниот изнесува 20 долари и во моментот се продава само во индија. Fidget spinner-ите наводно помагаат при напнатост.