Мало дете од САД пронашло пиштол во својот дом, па пукало во двајцата родители

од Nikola Popovski

Инцидентот се случил во средата наутро околу 8 часот во малото гратче Вест Бет во државата Мејн, САД. Момчето пронашло наполнет пиштол во спалната соба на неговите родители и испукало еден куршум што ги погодил и неговата мајка и татко.

Мајката (22) на детето се здобила со прострелна рана во ногата, а таткото (25) бил застрелан во задниот дел од главата. Детето било повредено откако пиштолот го погодил во лицето откако го испукал куршумот.

Ниедна повреда не е опасна по живот, но сите три лица се пренесени во болница на лекување. Во моментот на пукањето во собата имало и едно три недели старо бебе, кое, за среќа, не било повредено.

Шерифот Џел Мери изјави дека досега не видел ваков сличен случај во неговата 12-годишна кариера, пренесува 24сата.хр.

„Истражуваме како момчето успеало да го земе и да пука од оружјето. Оваа ситуација, иако вознемирувачка, можеше да има уште потрагичен крај. Благодарни сме што повредите не беа посериозни “, рекол шерифот и апелираше до сите родители да го чуваат оружјето подалеку од дофат на деца за да се избегнат такви ситуации.

Слични содржини