Малолетничка нападнала жена, па извадила нож

15-годишна девојка со остар предмет нападнала соселани

од Nikola Popovski
10 прегледи Фото: Принтскрин/Pond 5

Петнаесетгодишна малолетничка од тетовско село се соочува со кривична пријава откако физички нападнала жена од истото место и се обидела да ја нападне неа и нејзиниот сопруг со остар предмет.

Според информациите од полицијата, на 20 септември 2025 година тинејџерката физички нападнала жена од истото село, а потоа се обидела со остар предмет да ја нападне неа и нејзиниот сопруг.

За случајот е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции постапуваат понатаму согласно законските процедури.